Заборавете на задачите како што се собирање на два броеви - за ова ќе ви биде потребна многу поголема концентрација, знаење но и логика.
Задачата од математика за трето одделение од основно училиште во Србија ќе ги натера и постарите да се замислат.
Во танцувачка група има 19 девојчиња. 14 девојчиња имаат брат, а 7 девојчиња имаат сестра. Тина, Гита и Филипа немаат ниту брат ниту сестра. Колку девојчиња имаат и брат и сестра? (Помогни си со цртање, заокружување, броење...)
Дали можете да ја решите задачата?
Тешко е, и на прв поглед прилично збунувачки. Сепак, задачата е да ве натера да размислувате на различен начин.
Решението е во продолжение.
3 девојчиња немаат ниту брат ниту сестра, што значи 16 девојчиња имаат или брат или сестра. Ако на 14-те девојчиња кои имаат брат додадеме 7 кои имаат сестра, ќе стигнеме до 21, што е вкупниот број на браќа и сестри кои ги имаат девојчињата. Ако од тој број одземеме 16 (бројот на девојчиња кои не се единствени деца во семејството), ќе стигнеме до бројот 5.