На 80 годишна возраст заминувањето во пензија е последното нешто на кое мисли најстарата стјуардеса во светот,
Бети Неш. Таа работела како стјуардеса речиси 60 години и тоа за истата авиокомпанија.
Неш почнала да работи за „Eastern Airlines“, сега под името „American Airlines“во периодот кога била на возраст од 21 година кога Двајт Ајзенхауер бил претседател на САД. Авио билетите, тогаш чинеле само 12 долари, а резервациите не биле потребни.
„Мојот омилен дел од работата ги вклучува сите можности да им помогнам на нашите клиенти и чувствувам дека мојата работа ме ставаше во позиција да имам посебно внимание и љубезност"- изјавила Неш, навраќајќи се на својата кариера.
Сега, на својата дневна релација од Вашингтон до Бостон, таа има патници кои ја поздравуваат со прегратка како да се стари пријатели.
„Ги сакам сите наши редовни гости и ме исполнува кога запознавам нови. Јас навистина уживав во безброј интеракции со патниците и за ова можам многу да зборувам“- изјавила стјуардесата.
Ова осумдесетгодишна жена ја започнала својата кариера на 4 ноември 1957 година. Сето внимание го посветила на работата и на романтиката на небото.
Во времето кога почнала да работи, стјуардесите служеле оброци во бели ракавици, а на патниците им било дозволено да пушат за време на летот. Иако авионската индустрија целосно се промени, таа сé уште сака да ја работи истата работа.
Неш, исто така рекла дека најшокантна промена за неа била кога за време на нејзината кариера видела како се менува технологијата. Неодамна, таа морала да се прилагоди на тоа.
SaveSave