X
 25.12.2016 Живот

Објавена листа со најопасните луѓе на интернет за 2016 година

Не толку одамна на интернет беше претставена сила која врши субверзија, па токму затоа „WIRED“ изработи листа од најопасните луѓе на интернет. Најчесто тоа се бунтовни индивидуи во онлајн светот со уништувачи потенцијал кон светските структурите на моќ. Како што интернетот навлезе во секој аспект од нашите животи и Владите и политичките фигури научија тоа да го користат, па денес најопасните луѓе на интернет се токму најмоќните луѓе.

Така на пример тактиките на рускиот диктатор еволуираа од супресија на интернет содржините со кои не се согласува до употреба на онлајн медиумите за стратешко протекување на дезинформации.


Путин


Владимир Путин

Како што експертите истакнуваа дека Демократскиот Национален Комитет откри во јули два тима на хакери поврзани со Русија, сајбер безбедноста на САД и американската разузнавачка заедница стана свесна дека Русија го користи интернетот за да предизвика проблеми во изборната политика на САД. Кампањата на Демократскиот Национален Комитет следен од овие групи преку приватни разговори „инјектираа“ хаос во Демократската партија во клучниот момент во изборната сезона и на некој начин ја потпомогнаа победата на Трамп.

Дури и пред тајната работа на руските хакери излезе на виделина, Владата на Путин беше посветена на „труење“ на политичкиот дискурс онлајн. Земајќи го сето тоа во предвид Владата на Путин е една од најпознатите злобни сили во светот за дезинформација и нарушување во онлјан просторот.

Доналд Трамп

Кога „WIRED“ ја составуваше листата на најопасните луѓе на интернет во 2015 година, Трамп го нарекуваше демагог, заинтересиран на поттикнување на страв и играње со Американските предрасуди отколку решавање на глобалните проблеми. Ништо од ова не се сменило. Трамп сé уште официјално се нема откажано од неговите ветувања за забрана на имигрантите-муслимани или да се извини за нарекување на мексиканските емигранти-силувачи. Сега тој е на неколку дена од неговото назначување како претседател на САД.


Доналд Трамп


Како новоизбран претседател Трамп продолжи да дејствува како еден од најмоќните опасни луѓе на интернет со споделување со 17.6 милиони следбеници на „Twitter“ дека секој што ќе го запали американското знаме треба да се затвори веднаш и да му се повлече државјанството и беше аргументирано без докази дека милиони лажни гласови биле „фрлени“ за тој да победи.

Стив Банон


Пред Стив Банон да му се придружи на Доналд Трамп во кампањата како извршен директор, тој веќе беше до Трамп како издавач на сајтот за вести „Breitbart.com“. За периодот на работењето на овој сајт беа објавени расистички, антисемитски и содржини на омраза кон жените. Сега како главен стратег во тимот на Трамп, Банон се залага за носење на фашистичка пропаганда и перспектива во Белата куќа.

Џејмс Корни


Неколку недели пред изборите во ноември, директорот на ФБИ Џејмс Корни ја „зацементира“ својата контроверзна репутација со откривање дека неговите агенти ќе ја продолжат истрагата на приватниот е-меаил сервер на Хилари Клинтон. Тој не објаснил ништо за она што било откриено во ризницата на пораки или зошто тоа е значајно.

„ИСИС“

Верскиот апокалиптичен култ познат како Искамска Држава може да губат пари, ресурси и земја на територијата на Ирак и Сирија, но тие шират многу пораки на веб страните и на социјалните медиуми.

Групата покажа дека во 2016 година може да досегнат до осамените, незадоволни и ментално болни луѓе и да ги инспирираат на трагични дејства на насилство. Пропагандата на „ИСИС“ оваа година придонесе за страшните масакри на Денот на Бастилја во Ница, како и за престрелките во Орландо во ноќен клуб.

Реџеп Таип Ердоган

За краток момент ова лето светот стравуваше од воениот удар за соборување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Потоа следуваше хоророт кога Ердоган сподели дека неуспешниот удар бил резултат на интернетот и ги казни медиумите што ретко се случува во модерните демократии. Оттогаш стотина турски новинари се во затвор, а пристапот до „Twitter“, „Facebook“, „YouTube“ и „WhatsApp“ се ограничи.  

Џулијан Асанж


Џулијан Асанж во 2016 година докажа дека и од затворската соба во Лондон може да им застане на патот на моќниците. Со „WikiLeaks“ највлијателниот и најконтраверзниот потег од 2010 година, Асанж организираше протекување на пораки од Националниот комитет на демократите и за е-маил сметката на Хилари Клинтон. Да не заборавиме дека овие информации протекоа од внатрешните хакери за кои се верува дека се амаерикански разузнавачки агенции кои се на платен список на Русија. Асанж негираше дека неговиот извор е од Русија.

Питер Тиел

По поддршка на кампањата на Доналд Трамп финансиски и вокално, Питер Тиел ја заврши оваа година како највлијателната личност во „Силиконската Долина“. Буквално стана познат како лева рака на новоизбраниот претседател во технолошката индустрија со кого остваруваше средби на почетокот на овој месец.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот