
Во недостаток на слободно време на возрасните, кои децата би требало да ги носат во парк, многу деца се принудени да играат во своите домови. Истражувањата покажуваат дека во претшколска и рана школска возраст од сите активности децата ги сакаат оние кои вклучуваат топка. На оваа возраст тие имаат силна потреба да бидат во движење, а топката токму тоа им го овозможува.
Докторите на родителите им препорачуваат кај нивните деца да ја разбудат желбата за
топка уште од мали нозе, бидејќи тоа е добро за нивното физичко и социјално здравје. Меѓутоа, кога се во нивните домови, мајките и татковците повеќе сакаат децата да играат на компјутер, иако и дома може да играат со топка.
Експертите препорачуваат родителите да ги искористат моментите за заедничка игра и семејно дружење. Сите членови на различни начини може да си ја подаваат топката, дури и со нога во седечка позиција, но лесно, бес силни удари.
Родителите можат и да цртаат на топката со фломастери и да ја фрлаат во импровизиран кош (картонска кутија, кофа, канта). Важно е времето во нивниот дом да го поминат на забавен и креативен начин, а не играјќи игри на компјутер, таблет или телефон.