X
 26.12.2016 Живот

На која возраст може да се стапи во брак во земјите низ светот?

Во многу земји низ светот, многу деца принудно стапуваат во брак, често пати по иницијатива на нивните родители.

 

deca


И покрај тоа што многу земји воведоа закон кој не дозволува малолетни деца да стапуваат во брак, постојат исклучоци кога е дадена родителска согласност, не почитувајќи го законодавството.

Често постои нееднаквост кога станува збор за возраста на која девојчињата и момчињата стапуваат во брак, односно нивните родители ги мажат/женат.

„Girls Not Brides“ е кампања чија цел е да стави крај на бракот со деца насекаде низ светот. Користејќи ги нивните податоци од 2015 година и надградбата направена во 2016 година, веб сајтот „indy100“ создаде неколку мапи.

Териториите контролирани од ИСИС во Ирак и Сирија не се вклучени на мапите, но на овие територии, возраста за стапување во брак доста се разликува.

Жени и девојчиња




Мажи и момчиња


 

Разлики во годините (полот) за легален брак со согласност од родителите.


Подигање на возраста во 2016 годин

Во јули 2016 година високиот суд на Танзанија донесе одлука дека Законскиот акт за бракови во оваа земја мора да се ревидира со цел да се елминира нееднаквоста на минималната возраст за брак за момчиња и девојчиња. Така, сега минималната возраст за брак е 18 години и за двата пола.

Одлуката воведе и построги казни за оние кои се мажат со девојчиња или ги забременуваат.

Во јануари 2017 година, и Грузија минималната возраст за брак и за момчиња и за девојчиња ќе биде 18 години, после укинувањето на изземањето во Граѓанскиот законик со кој е дозволено адолесцентите да стапат во брак во „посебни околности“.

Во 2013 година Уставот на Зимбабве донесе одлука според која минималната возраст за брак и за момчиња и за девојчиња мора да биде 18, меѓутоа Законот за брак е спротивно на ова, и според него, во брак можат да стапат 16 годишни девојки.

Предложени закони


Во Малезија била предложена легислатива со која минималната возраст за стапување во брак ќе се зголеми на 18 години за муслиманските девојки.

Гамбија забрани брак на секое лице под 18 години, со 20 годишна казна за оние кои ќе го прекршат законот и 10 години затвор за секој кој имал сознанија за ваков брак но не се обидел да го спречи. Легислативата треба да стигне до националното собрание на Гамбија во јули 2017 година.

Намалување на возраста

Кон крајот на ноември, владата на Бангладеш предложи да се намали возрасната граница за брак со цел да се „зачува честа на девојката“.

Според „Human Rights Watch“, 52% од девојчињата во Бангладеш стапуваат во брак пред да наполнат 18 години, а 18% пред да наполнат 15 години.

Сегашната стратегија на „Girls Not Brides“ ќе заврши со завршувањето на 2016 година. Портпаролот на организацијата ги најавува плановите за наредната година:

„Нашите напори ќе бидат фокусирани на поддршка на нашите членови како и имплементирање на националните стратегии со цел ставање крај на бракот со деца и обезбедување финансиски средства за овој сектор“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот