X
 26.12.2016 Живот

Нешта што биле нормални во 2016 година, но сега се забранети во Англија

Наредбите за заштитата на јавниот простор („Public Space Protection Orders“, или „PSPO“) Англија ги изработи во 2014 година, но почнаа да се применуваат оваа година. Тие на советите им забранија активности за кои тврдат дека би имале „негативен ефект“ врз квалитетот на животот на граѓаните. Секој кој би ги прекршил би се соочил со парична казна на самото место од 100 фунти и криминално досие или 1000 фунти доколку одбијат да платат.

Како што се наближува крајот на 2016 година, ова се 10-те нешта кои „благодарение“ на бизарните нови закони нема да можете да ги правите повеќе во Англија:


наредби


1. Дружење со пријателите


Окружниот совет Bassetlaw забранува на 16 годишните да се поздравуваат во групи од тројца или повеќе доколку некој од нив „предизвикува вознемиреност“ освен ако е со возрасен. А што се смета за вознемирувачко? Тинејџерите не можат да бидат тинејџери во Bassetlaw освен ако тие не сакаат да платат парична казна или брзаат да заработат криминално досие.

Уште полоша е забраната на Градот Swadlincote за застанување сам или во група доколку предизвикувате антисоцијално однесување. Но како знаат полициските службеници дали ќе предизвикате „антисоцијално однесување? Дали тоа се гледа во посебниот сјај во очите?.

2. Останување доцна

Полицискиот час за малолетниците во градот Кетеринг значи дека тие мора да бидат дома од 23:00-06:00 часот.

3. Да се биде бездомник

Добротворната организација која помага на бездомниците во Англија „Шелтер“ проценува дека во моментот има 250.000 бездомници во Англија. Но, наместо властите да им помогнат. Советите во земјата ја злоупотребуваат својата моќ за да ги прогласат за најранливи луѓе во нивните области. Советите на Червел, Gravesham и Врексам забранија спиење на отворено во една форма или друга.

Така Червел забранува спиење покрај реката Темза, а полицијата пријави 6 такви случаеви во периодот помеѓу јули 2014 и февруари 2016. Да се удира по најсиромашните во општеството со казни кои не можат да си ги платат само ги заробува во спиралата на долгот и во системот на кривична правда.


бездомник


4. Дремка во автомобил


Советот на градот Gravesham забрани лежење или спиење на јавно место, а во тоа спаѓа и спиење во автомобил. Дури и професионалните возачи кои возат долги часови и си го ризикуваат животот доколку не спијат доволно часа не се исклучени од овој закон.

5. Ослободување на внатрешниот херој преку игра


Многу од блокбастерите херои не смеат да бидат херои дома во градовите Булвеел и Нотингам. Градските власти забранија качување. Па така збогувајте се со детските спомени кога можевте да се искачувате по високи дрвја, а ако мачката остане да виси на високата гранка мора да ја оставите таму.

6. Сончање

Поради остварување на профит на салоните за солариум, градот Gravesham забрани природно сончање во „Woodlands“ паркот со што им се скратува можноста на локалните жители да добијат природно потемнување на кожата се до летото 2019 година.

7. Вежбање

Околниот Совет на Кетеринг го „криминализира“ користењето на велосипед, скутер или на слични превозни средства поради што би можеле да предизвикаат „непријатност, аларм или неволја“.

8. Колнење и пцуење


Советот на Салфорд беше изложен на потсмев оваа година со одлуката да се забрани пцуењето и колнењето во областа веднаш до Old Trafford, а исто така и Bassetlaw и Кетеринг забранија викање и пцуење во одредени области. Да го оставиме настрана за момент прашањето за слободата на говорот, но како да знаеме што се смета за колнење според книгите на советниците? Дали би се прекршил нов закон ако ни кажат?

9. Да се прави било што

Советите на Bassetlaw и Teignbridge за криминал сметаат сé. И двата града направија да се смета за прекршок ако со било што предизвикате навреда во области покриени од „PSPO“ наредбите. Ова значи дека би можело да биде било што кое службениците на советот би го сметале за навреда за конкретниот ден.

10. Почитувајте го ова

Eнфилд, Њукасл и Rushcliffe во моментот размислуваат за планови да се гледа на бездомниците како на сторители на криминално дело. Градскиот совет на Сандерленд сака да го забрани пребарувањето храна по контејнери за ѓубре, а има уште многу слични предлози на маса.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот