X
 31.12.2016 Технологија

Дали ви се случува смартфонот да ви кочи? Еве како да ја забрзате неговата работа

Паметните телефони денес многу работи завршуваат место нас. Благодарение на верните асистенти, потсетници, различните апликации кои автоматски ги завршуваат поставените задачи, за многу прашања можеме едноставно да се опуштиме и да препуштиме на уредите да се погрижат за тоа. Меѓутоа не е ретка ситуацијата телефонот едноставно да одбие да соработува, да се закочи или да му треба повеќе време да ја обработи едноставната информација.  

Ова се случува на речиси сите. Една од најчестите причини е недостатокот на расположлива меморија, која на секој уред му е потребна, за телефонот да ги изврши процесите кои му ги даваме. Овој дел од софтверот редовно мора да се чисти, за телефонот да биде доволно брз и прецизен. Затоа, ние ќе ви дадеме некои совети за тоа како да задржите доволно слободна меморија на вашиот паметен телефон.


смартфони


Намалување на фотографиите


Кога ќе се спомене намалувањето на фотографии прво на што сите помислуваат е губење на квалитетот. Можеби веќе знаете, но во просек во зависност од моќта на камерата на телефонот, една слика зазема простор и до 5 MB простор во вашата внатрешна меморија.

Постои начин да се намали овој простор, без да се изгуби на квалитетот на вашите ремек-дела. Инсталирајте ја апликацијата „Photo Compress“ и со нејзина помош зачувајте го квалитетот на сликата, а во исто време ќе заштедите на големината на сликите кои ќе ги направите. Исто така постои и софтвер за слики „Optimizer“ кој ви ги нуди истите опции за зачување на простор на вашиот паметен телефон. Обидете се со двете опции и одлучете кој е најдобриот избор.

Чувајте ги податоците на „cloud“

Како што веќе утврдивме медиумските датотеки како што се фотографии или видео снимки заземаат најмногу простор на вашиот мобилен уред. Ако се одлучите за некои од услугите „cloud" за чување на податоците сигурно ќе заштедите простор на внатрешната меморија.

На располагање имате голем број на системи, вклучувајќи ги најдобрите „Dropbox“ или „Google +“. Можете да ги испробате и едниот и другиот и сами да заклучите кој најповеќе ви одговара и кој е поедноставен за користење.

Редовно чистете ги фолдерите на вашиот телефон

Вашиот телефон за работа континуирано користи одредена внатрешна меморија, во која ги складира податоците. Кога ќе заврши одредениот процес, многу од овие датотеки остануваат во системот и заземаат простор за тоа. Затоа, од голема важност е редовното чистење на овој простор за податоците да не се пренатрупаат. Можете да ја инсталирате „Android Assistant“ и со помош на неа да одржувате чист систем, што сигурно ќе ја забрза работата на целиот софтвер.

Бришење на информациите кои не ви се потреб
ни

Множеството на датотеки вашиот телефон ги чува автоматски, иако можеби вие никогаш не сте го барале тоа, ниту вам ви е потребно да ги задржите. Посветете внимание на фотографиите, документите и слични податоци, кои зафаќаат простор, а кои сте ги добиле преку апликацијата „WhatsApp“, „Viber“, „Messenger“ и слично.

Ако ги бришете на време ќе се заштитите од можноста системот да ви се забави и телефонот да почне да кочи и да регистрира грешки.

Факт е дека на сите нас телефоните ни се потребни и да се во можност да ги исполнат сите барања кои ги имаме од нив. Благодарение на напредокот во технологијата, на располагање имаме многу функции од кои сакаме целосно да ги искористиме нивните предности, но поради разни околности телефоните често не се во можност да го завршат процесот што го бараме од нив. Затоа од нас зависи да го чистиме системот и да го одржуваме за да ја користиме паметно меморијата која му е потребна.

Софтверите кои тоа го работат се многу, меѓутоа и тие заземаат одреден простор. Доколку имате идеја како да го решите овој проблем, секако може да пробате и со креирање на програма за чистење на телефонот. Еден од начините е да се запишете на школа за развој на мобилни системи. Знаењето и алатките кои ги совладувате подоцна можете на вистински начин да ги користите за предизвиците со кои ќе се сретнете.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија