X
 31.12.2016 Наука

Како ќе мораат да изгледаат луѓето, за да преживеат во светот од иднината?


Илустрација

Луѓето во илјадниците години од историјата станале посилни, побрзи и поотпорни на болести, багодарејќи им на природните генетски модификации. Секое вештачко подобрување на човековите перфоманси носи и ризик од создавање на некој вид „суперчовек“, но Хуан Енрикес, научник од Харвард, смета дека таков ризик ќе биде неопходен доколку сакаме човекот да го преживее следното масовно изумирање на видовите.

Подобрените гени, клетките и органите ќе ни бидат потребни доколку ја напуштиме нашата планета и се упатиме кон вселената. Во таа иднина нашите клетки ќе можат самите да ја поправат штетата од зрачењето, сами ќе се бориме против вирусите, а ќе бидеме и толку брзи така што да можеме да им побегнеме на куршумите.

Енрикес во своето предавање ја потенцираше веројатноста дека човечкиот вид ќе се најде во следното масовно изумирање и тоа како последица од супервулкани, астероиди, соларни факели...

„Ако веруваме дека изумирањата се вообичаена и нормална појава што се случува периодично, тогаш имаме и морален императив да го раширеме видот“, вели Енрикес и напоменува дека „ако ја снема Земјата, ќе нè снема и нас“.

Зборувајќи за модификациите на човековото тело, тој споменува проширени неврони што би ги забрзале нашите реакции, белите дробови и ткивата би се промениле за да го зголемат капацитетот за собирање повеќе кислород од атмосферите на планетите каде го има во помала количина.

Луѓето би можеле подобро да ги филтрираат токсините, а со елиминирањето на генетските болести, би можеле да постигнат совршено генетско здравје.

Со сегашните технологии, заминувањето на други планети на кои има услови за живот, би бил процес што би можел да трае со илјадници години. За да го преживееме тоа, мораме драстично да го промениме животниот век и човечкото тело – смета Енрикес.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука