Син ми има 4 години и 4 месеци и уште носи пелени. На три години почнавме со одвикнување и првите денови беше во ред додека не виде што има во нокширот. Тогаш многу се уплаши, почна да плаче и да паничи, па јас попуштив и ги вратив пелените. Кога наполни четири години, успеавме да ги тргне пелените преку ден, но по неколку дена имаше силни болки во стомакот и завршивме во болница. До денес никако да се одвикне од пелените. Да напоменам дека не го форсиравме, секогаш со убаво му пристапувавме. Не знам како да се справиме со овој проблем.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк