X
 16.09.2016 Култура

Како изгледа престојот во хотел од 6 ѕвезди во Северна Кореја?

Повеќето туристи обвинуваат дека „Ryanggang“, единствениот хотел со 6 ѕвезди во Северна Кореја, нуди престој сличен на затвор.

Хотелот кој локалното население го нарекува хотел од прва класа, доби голем број на критики од страна на туристите кои престојувале во него.

Сајмон Рајдер, кој имал можност да престојува во хотелот вели дека креветите се толку тврди што му се чинело дека подот бил многу поудобен.

Други критики упатени кон хотелот се тоа што хотелот е дизајниран во класичен советски стил, слабо е осветлен, нуди лоша храна и често нема топла вода.

 

„Во секој случај, ви нуди вистинско севернокорејско искуство. Електричните жици се во ужасна состојба - половина од нив излегуваат од ѕидовите и подовите“, вели Дејвид Темплман, кој отишол во Северна Кореја од Естонија.


„Но и има и добри страни како на пример огромен телевизор со рамен екран кој емитува само еден канал на кој се прикажува севернокорејската пропаганда, каде една жена упорно се обидува да ни продаде нешто“, додава тој со хумор.

Информации за тоа колку чини една соба во овој хотел нема, а не постои ниту интернет страна. Повеќето туристи велат дека се чекирале во хотелот после посетата на градот.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура