X
 16.10.2025 Живот

Не можеме да му кажеме НЕ зашто почнува да писка, да се фрла на земја и страшно да плаче... Како да постапиме?

Моето дете има 2 години и 9 месеци. Оди во градинка, јаде, убаво спие. Има добар фонд на зборови, сврзува по неколку збора. Проблемот е што во последните две-три недели однесувањето му станува сѐ полошо. Буквално за ништо не можеме да му кажеме НЕ и ако некој, ние, член од семејството или воспитувачката, го спречи во нешто што наумил да го направи, и тоа со тивок тон, следува пискање, фрлање на земја, страшно плачење. Тоа трае 5 минути и ако го оставиме да се смири сам, после како ништо да не било. Се обидуваме да зборуваме за проблемот и јасно кажува дека нема повеќе да прави така, но потоа се повторува сѐ. Сѐ сака да биде по негово, а пред овој период имавме големо влијание и буквално со поглед знаеше што може, а што не. Колку би траел овој период и како да постапиме зашто ни во јавност не можеме да му речеме нешто, одма прави сцени. Не е агресивен да тепа деца, не каса, ама кога е лут, тие 5 минути буквално е како во лудило – клоца, се фрла и удира.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Живот