X
 04.01.2017 Живот

„WikiLeaks“ најавува: Во 2017 година ќе бидете запрепастени од новите информации

За 2017 година „WikiLeaks“ најавува уште поголем проток на информации од претходната година. Организацијата веќе објави 1000 документи со кои ги откри тајните на американските политики, трговските договори и приватните разговори на глобалните лидери.

„Ако мислите дека 2016 година беше голема за „WikiLeaks“, тогаш очекувајте да останете без здив во 2017 година- порачаа на „Twitter“ во понеделникот, без најава што се подготвува, а на линкот на веб страната се наведува информација каде може да се донира за да се помогне на луѓето кои стојат позади „WikiLeaks“ и да се подготват за „пресметка“.


Викеликс


Минатата година беа објавени над 50.000 е-маил пораки во кампањата на Хилари Клинтон и над 27.000 е-маил пораки на Националниот Одбор на Демократите, кои покажуваат како одборот работел против претседателскиот кандидат Берни Сандерс, за да ја фаворизира Клинтон. Беа објавени и документи од американскиот Стејт Департмент, како и информации за американскито вооружување на Јемен и многу други важни податоци.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот