X
 05.01.2017 Живот

На Христови од Припор им треба помош, две деца живеат во трошна куќа

Семејството Христови живеат во трошна куќа во населбата Припор и се во тешка финансиска ситуација. Таткото Владимир има 39 години, и откако паднал од камион и ја повредил кичмата е со намалени работни способности, а во моментов не прима никаква социјална помош.Тој и неговите две деца живеат од пензијата на мајка му.



ред три години и децата на Владимир останале без мајка, девојчето само што тргнало на училиште, а машкото имало 3 години. Сега Марија има 9, а Огнен 6 години. Бабата Горица (мајката на Владимир) има 70 години, таа им е и баба и "мајка" на дечињата, сите се собрани во една соба. Дечињата се како ангелчиња, воспитани, тивки и со насмевка која освојува. Фамилијата на Владимир малку имаат, а како да имаат сè.... детските очи зрачат топлина поголема од онаа што можат да ја дадат сировите дрва во шпоретот. Мудроста на Горица и питомоста и топлината на таткото се разлеваат во овој дом, тоа е чувство кое спонтано ни се наметнува. Собата во која сега сите живеат е закрпена, однадвор во одредени делови на собата продира светлина и повеќе личи на засолниште, во невреме да спасиш глава. На посилен пороен дожд, се се слева во собата, но ним таа им е живеалиште...

Им треба помош, им треба попристојно место за живеење. Бабата, самохрана мајка уште од млади години (таткото починал кога Владимир имал 2 години), направила куќарка за да имаат кров над глава, со години ја крпеле од дожд и студ, крпениците се видливи, сунѓери по ѕидовите, картони на подот таму каде што даските пропаднале но, во домот е топло... светлината и топлината најмногу доаѓа од детските очиња. Пред извесно време направена им е доградба која е во состојба на карабина и со многу видливи отвори по зидовите.



Да им помогнеме, со заеднички сили, кој колку може, детските очиња да не го изгубат својот сјај.
Со Владимир, можете да искомуницирате на овој телефонски број: 078/ 330 741

Ви благодариме
Од Редакцијата на Преминпортал

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот