X
 06.01.2017 Живот

Професор кој го предвиде Брегзитот и победата на Трамп со нови предвидувања

Професорот кој го предвиде Брегзитот и победата на Доналд Трамп сега предвидува дека Европската Унија ќе се распадне до крајот на оваа година. Марк Блит, кој предава политичка економија на Универзитетот  Браун и покрај наведените предвидувања го предвиде и резултатот на италијанскиот референдум. Со тоа го најави најголемото политичко изненадување за 2016 година, а сега во најава има уште едно изненадување за 2017 година.


Марк Блит

Тој тврди дека Европската Унија ќе се распадне можеби дури и пред Велика Британија да започне дискусија за членот 50, што е почеток на формалниот процес на напуштање на Европската унија.

Покрај тоа тој тврди дека за Франција би биле кобни последиците што може да ги има политиката на спречување на изборите на Марине Ле Пен, која има огромна подршка во електоратот. Во интервју кое го даде за Би-Би-Си зборуваше за ова:

„Имаме избори во Франција кои се приближуваат, во која е многу веројатна опцијата да победи Националниот фронт во првиот круг. Тогаш сите во Франција ќе организираат голема коалиција која ќе се обиде да го спречи нејзиниот избор. Ова би значело дека гласачите на левицата во Франција имаат можност да изберат некој кој во Франција по осум години стагнација ќе сака да ја доведе економската политика на Маргарет Тачер, а тоа ќе биде многу тешко“-  пренесува „Бука“.

Оваа негова анализа на социјалните мрежи предизвика различни реакции од луѓе кои му веруваат, до луѓе кои се убедени дека таквото сценарио е невозможно.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот