X
 08.01.2017 Култура

Изложба на фотографии „Глорија и Глорија“ од Зоран Шекеров



Самостојната изложба на фотографот Зоран Шекеров ќе биде отворена на 10.01.2017 (вторник) во 19:30 часот во Националната галерија Мала Станица. Изложбата е со наслов: Глорија и Глорија. Изложбата се состои од 60 црно-бели фотографии - фотографски есеј кој авторот ги фотографирал и пишувал додека бил на пет месечна посета во Чикаго(САД).

Глорија и Глорија се мајка и ќерка. Потекнуваат од Мексико а живеат во Чикаго. Тие се идентични по своите имиња но и двете боледуваат од болеста - рак. Живеат скромен живот и секојдневно се соочуваат со предизвикот кој го носи знаењето дека можеби утре веќе нема да сте меѓу живите. Авторот си задава задача да живее заедно со двете Глории во текот на неговиот престој во Чикаго. Покрај неговата помош, која е повеќе од морални а не финансиски причини, тој се одлучува да остави своја трага токму преку фотографијата. Тој, всушност вели дека фотографијата била најразбирливото средство преку кое секојдневно комуницирале.

Повеќе за фотографиите и фотографскиот есеј можете да прочитате на неговата веб страна: www.zoransekerov.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура