X
 09.01.2017 Култура

Британски „Телеграф“ го смести Скопје на листата на 21 европска дестинација која задолжително треба да се посети годинава

Угледниот британски весник „Телеграф“ го смести Скопје во групата на 21 европски град којшто не е позната и извикана туристичка дестинација, но дефинитивно заслужува да се посети. Одличната храна, богатата култура и неверојатните локации и глетки се главната причина, според „Телеграф“, туристите да застанат и барем еден викенд да поминат во Скопје.



- Со своите бројни амами, испреплетените камени улички и пазарите за храна со неверојатна атмосфера, Скопје е еден од источноевропските градови во кои вреди да застанете и кој ќе ви направи голема разлика - пишува британски „Телеграф“. Освен македонската метропола, на листата на весникот се најдоа и дваесет други градови во Италија, Шпанија, Португалија, Грузија, Унгарија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Шведска, Франција, Австрија, Швајцарија, Германија, Полска и Данска. За сите нив, „Телеграф“ пишува дека се градови со неверојатен шарм, но без вообичаениот туристички метеж карактеристичен за познатите туристички дестинации.

Во продолжение е комплетната листа на „Телеграф“ на неизвикани дестинации кои годинава туристите треба да ги посетат.

- Бергамо, Италија
- Скопје, Македонија
- Тревизо, Италија
- Тбилиси, Грузија
- Сеговија, Шпанија
- Виторија - Гастеиз, Шпанија
- Тавира, Португалија
- Осјек, Хрватска
- Умеа, Шведска
- Нант, Франција
- Брегенц, Австрија
- Сион, Швајцарија
- Гимареш, Португалија
- Лубек, Германија
- Вроцлав, Полска
- Пловдив, Бугарија
- Трст, Италија
- Архус, Данска
- Брага, Португалија
- Егер, Унгарија
- Марибор, Словенија
Подготвил: Д.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура