X
 12.01.2017 Технологија

Десет години „Ајфон“: Погледнете како се развиваше еден од најпознатите паметни телефони


Еволуција на Ајфонот



Десет години подоцна, претставувањето на секој нов модел на Епл е тема на дискусија низ целиот свет. Некои сметаат дека се работи за квалитетни уреди, други дека станува збор за прескап и извикан смартфон, а трети се опседнати со него.

Пазарот на смартфони е презаситен, а компанијата минатата година го забележа првиот пад на продажбата на овие уреди од појавата на Ајфонот. Но, Епл сè уште може да смета на верноста на своите корисници.

Во секој случај, пазарот ќе се менува, технологијата исто така, а какви уреди ќе користиме по десет години, никој не знае. По повод на роденденот на Ајфон, ви споделуваме краток осврт и преглед со што Епл нè воодушевуваше изминативе години.

Ајфон (2007)

Првиот уред што ги постави темелите за модерни смартфони. Тој ни го претстави денес вообичаениот распоред на иконите, копчето „Home“ и ги замени функционалните копчиња со мултитач дисплеј. Уредот беше подготвен да користи интернет како и репродукција на мултимедијална содржина, а недостасуваше 3G и AppStore.

Ајфон 3G (2008)

Следната генерација го содржеше очекуваниот  App Store. Ова на производителите им овозможи да сервираат низа корисни апликации кои на најбрз и најсигурен начин ќе им бидат достапни на корисниците. Покрај тоа, пристигна и 3G, како и GPS навигацијата. А кога сме кај навигацијата, Apple Maps, што се појави четири години подоцна, беше и остана една од најслабите точки на овој уред.

Ајфон 3GS (2009)

Ова е првиот модел на Епл со ознаката „S“, модел што не нуди нови опции, туку станува збор за подобрувања. Уредот беше двојно побрз (тоа што „S“ го означува во името), изгледаше без малку исто, а корисниците ја добија можноста да копираат/лепат текст.

Ајфон 4 (2010)

Првиот редизајниран модел во приказната ги воведе стаклото и нерѓосувачки челик, но и коцкаст дизајн со заоблени рабови. Претставен е како најпаметен телефон на светот и прв телефон што користи Ретина дисплеј. Воедно, станува збор за прв Ајфон со предна камера на светот што се користи за FaceTime разговори. Доаѓаше со оперативен систем iOS4 што овозможуваше користење на повеќе апликации истовремено.
 
Ајфон 4S (2011)

Како и другите „S“ модели така и овој изгледаше идентично на својот претходник, но претстави нови опции – новата „секретарка“ Siri. Навистина, технологијата беше прерано пуштена за користење и стануваше збор за прилично амбициозна одука. Камерата беше уште подобра (осум мегапиксели), а подобрена беше и антената што предизвикуваше голем број проблеми кај „четворката“. Веста за појавата на новиот модел падна во сенка на смртта на Стив Џобс кој почина следниот ден по претставувањето.

Ајфон 5 (2012)

Ако сакаме да бидеме искрени, „петката“ беше малку побрза и малку поголема „четворка“. Ништо револуционерно, многумина не ќе забележеа дека имате „петка“, а не „четворка“. Алуминиумското куќиште го направи уредот полесен и поиздржлив, а претставен беше и Lightning приклучокот што го замени 30-пинскиот приклучок.

Ајфон 5C (2013)

Следната година, Епл претстави два модела, еден од нив поевтина и шарена верзија на „петката“, овој пат со поликарбонско куќиште кое беше достапно во неколку бои и подеднакво шарени заштитни маски.

Ајфон 5S (2013)

Моделот 5C беше поскап роднина на 5S, а дизајнот беше истиот од „петката“, но овој пат добивме и нови бои. Сепак, под површината се криеја поголеми промени. На пример, копчето „Home“ ја доби опцијата Touch ID за препознавање на отисок на прсти, а ова, исто така, беше првиот уред со 64-битен процесор (А7). Се појави и далеку попрегледниот и „почист“ оперативен систем iOS7.

Ајфон 6 и 6 Plus (2014)

Иако најавуваа дека никогаш нема да произведуваат големи телефони, тоа се промени со појавата на големиот Ајфон 6 и уште поголемиот 6Plus. Сепак, ова беше прв поголем редизајн од 2010 година, а со заоблениот дизајн дојдоа низа хардверски подобрувања со посебен акцента на одличната камера. Беше поголем, полесен, но не и отпорен како претходните модели, поради што голем дел од корисниците имаа проблем со уредите кои се виткаа кога ги носеа во џеб.

Ајфон 6S и 6S Plus (2015)

Нормално, станува збор за „S“ модел, па според тоа за повеќе или помалку истиот модел. Но, овој имаше поотпорно стакло, не се виткаше толку лесно, а голема новина беше 3D Touch опцијата или екран што беше осетлив на јачината на притисокот. Вградена беше и апликацијата „Live Photos“ (опција за кратко видео кое би било поврзано со фотографијата). Но, ни оддалеку малку подобрената „шестка“ не беше доволна причина за набавка на нов уред.

Ајфон SE (2016)

На големо изненадување, Епл на почетокот на година го презентираше моделот SE. Изгледаше идентично на 5S, но имаше технологија на „шестка“ и беше одличен избор за сите оние кои не беа подготвени да преминат на поголеми уреди.

Ајфон 7 и 7 Plus (2016)

Иако со дизајн што не се разликува од неговиот претходник, седмицата беше преполна со мали но значајни промени кои беа доволни да убедат дел од корисниците да купат нов уред. Уредите се водоотпорни, а моделот Plus има двојна (многу квалитетна) камера, копчето „Home“ не е веќе механичко, а на големо разочарување на луѓето кои имаат време за слушање музика, стандардниот приклучок за слушалки изостанува и слушалките се приклучуваат преку Lightening приклучокот.

7S ili 8?

Десетгодишнината на Ајфон треба да биде спектакуларна, но тоа нема да се случи ако Епл оваа година претстави уште еден „S“ модел. 7S звучи досадно, а појавата на „осмица“ би бил далеку поуспешен потег. Она што засега го знаеме е дека новиот уред би можел да има и верзија поголема од Plus моделот, ќе користи AMOLED дисплеј, а некои тврдат дека поради падот на продажбата, Епл ќе користи „тешко оружје“ и навистина ќе претстави импресивен модел. Ќе видиме во септември.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија