X
 22.01.2017 Живот

Компанијата која му помогна на Трамп да победи, се соочува со проблем

Компанија за податоци поврзана со претседателската кампања на Доналд Трамп, се соочува со обвиненија за корупција.

 

компанија


Компанијата „SCL Group“, е матична компанија на „Cambridge Analytica“, му помогна на Трамп да ги создаде пораките насочени кон гласачите. „Cambridge Analytica“ тврди дека може да предвиди како луѓето ќе гласаат со комбинирање на истражувања на личноста и илјадници податоци што ги има за секој возрасен Американец. Компанијата вели дека нуди препораки каде да се одржуваат митинзи и на чија врата треба волонтерите да затропаа. Компанијата исто така помогнала во создавање на пораки за група чија цел беше притисок врз граѓаните за напуштање на Европската унија за време на референдумот за Брегзит.

„Cambridge Analytica“ има длабоки врски со администрацијата на Трамп. Главниот стратег на Трамп, Стивен Банон, бил дел од одборот на компанијата, чиј сопственик е семејството Мерсер, еден од најголемите донатори на Трамп. Ребека Мерсер, одигра клучна улога во избирањето на номинираните од кабинетот.

Не е јасно каква улога би можела да одигра „Cambridge Analytica“ во Белата куќа. Како и оваа компанија, и нејзината матична компанија „SCL Group“, ја рекламира својата способност за идентификување на психолошките особини кај големи групи на луѓе и ги користи податоците за да насочи пораки кон одредена група.

„Ги користиме истите техники како Аристотел и Хитлер. Апелираме до луѓето на емоционално ниво за да ги натераме да се согласат на функционално ниво“, велат од компанијата.

Другите проекти на „SCL Group“

Компанијата работела да ги одврати некои Нигеријци да не гласаат за време на изборите во 2007 година, со организирање на митинзи против гласањето.

Извршниот директор Оукс, бил ангажиран како консултант на фотографии за поранешниот претседател на Индонезија, кој се соочил со обвинувања за финансиска злоупотреба. Во одбрана на претседателот Абдурахман Вахид, Оукс бил обвинет за тајно користење на владини средства за лажно одржување на конференција за новинари - наводно за новинарска независност, меѓутоа учесниците не биле свесни за вмешаноста на владата. Подоцна, Оукс изјавил дека во тоа време не направил ништо неетичко.

Премиерот на Сент Винсент ја обвини компанијата „SCL Group““ за доставување на странски пари во кампањата на неговите противници. Премиерот изјавил дека целта била да се донесат закони кои на инвеститорите ќе им дозволат да купуваат државјанство. Лидерот на опозициската партија ги негирал тие странски средства од „SCL Group“, но признал дека добил други форми на помош од компанијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот