X
 28.01.2017 Живот

Ирска - првата земја во светот која целосно ќе се откаже од фосилните горива

1

Во историски потег, Ирска може да стане првата земја во светот која целосно ќе се откаже од фосилните горива. Парламентот на Ирска неодамна го усвои првиот закон за намалување на користењето на фосилни горива“.

Законот може да ѝ овозможи на Ирска целосно да се лиши од својот суверен фонд на богатство, вреден повеќе од 8 милијарди долари од нафта, гас и јаглен.

„Ирскиот политички систем конечно го призна она што огромното мнозинство на луѓе веќе го знаат: за да имаме шанса да се бориме против катастрофалните климатски промени, мора да се откажеме од фосилните горива и да го запреме растот на оваа индустрија која не` води во криза“, изјави Еамон Механ, извршниот директор на „Trócaire“.

горива

Механ мисли дека овој потег може да испрати моќна порака до останатиот свет, особено сега, кога со Белата куќа започна да владее гарнитура која ги негира климатските промени.

Пред неколку години, суверениот фонд на богатство на Норвешка, исто така направи потег со кој одлучи да се откажи од некои компании за фосилни горива, меѓутоа не сите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот