Во списанието Science тим научници објавиле дека откриле „егзотични електрични и топлински својства“ во материјал познат како вандиум диоксид, кој може да биде корисен за да се развијат поефикасни термоелектрични системи.
Вандиум диоксидот е познат по своите необични својства: на пример изолаторот се претвора во метал што е спроводник за електрична енергија кога достигнува 67 степени целзиусови, транспарентен е на 30, а апсорбира инфрацрвени зраци над 60 степени. Всушност електроните се движеле едногласно, дури како течност, а не како посебни честички како во други нормални метали.
„Овој материјал може да биде искористен за да се стабилизира температурата. Со штимање на топлинската спроводливост, материјалот може ефикасно и автоматски да растерува топлина во жешките лета и да превенира загуба на топлина во студените зими,“ изјавил Фан Јанг, еден од главните автори на студијата.