Повеќето апликации за излегување се исти и површни - се темелат на изгледот на една личност и работите кои таа личност ги сака.
Меѓутоа, не постои подлабок однос од оној кој е врз основа на омразата кон истите работи. Страста потребна за мразење на било што, е десет пати посилна од страста потребна за љубов кон нешт. Често пати се согласуваме со новиот пријател или потенцијалниот романтичен партнер за некои работи - ја сакаме истата музика и истите филмови, меѓутоа вистинското поврзување настанува тогаш кога ќе си признаеме дека мразиме исти работи.
Токму оваа филозофија е причина за настанување на апликација која се нарекува „Hater“. Ова е единствената апликација на пазарот која ве поврзува со корисници кои ги мразат истите работи како вие. За жал, веројатно нема да го доживее успехот на „Tinder“ и останатите слични апликации, меѓутоа човештвото ќе дојде до ново ниво на свест и ќе го прифати „
хејтањето“ како легитимен плус за можна романтична врска.