Бенкси е прочуен британски графити уметник со непознат идентитет. Своите сатирични и духовити графити кои ги изработува во стенцил техника, најчесто ги комбинира со антивоени, антикапиталистички, антиестаблишментски и слободарски пораки. Своите идеи честопати ги изразува и со зборови и мисли, користејќи најразновидни медиуми.
Бенкси низ зборови и дела:
• Како момче, сакав да оставам трага. Сакав луѓето да ме чујат, но никој никого не слуша во овој голем свет... тогаш зедов спреј во рацете и ги натерав сите да ме забележат.
• Не постои ништо поопасно од човек кој сака да го направи светот подобар.
• Многу мајки ќе направат сè за своите деца, освен да им дозволат да бидат тоа што се.
• Велат дека човекот умира двапати: првпат кога престанува да дише, и вторпат, подоцна, кога некој за последен пат ќе го изговори неговото име.
• Твојот ум работи најдобро кога си параноичен. Тогаш ја истражуваш секоја опција и можноста на ситуацијата, со голема брзина и со потполна јасност.
• Најголемите злосторства се направени не од оние кои ги кршат правилата, туку од тие кои ги следат. Луѓето кои почитуваат наредби се оние кои фрлаат бомби и масакрираат села.
• Постојат четири основни човечки потреби: храна, сон, секс и одмазда.
• Уметноста треба да ги смирува вознемирените и да ги вознемирува смирените.
• Ништо на светот не е толку често колку неуспешните талентирани луѓе.
• Напуштете го својот дом пред во него да пронајдете нешто што е вредно за останување.
• Многу луѓе никогаш не користат сопствена иницијатива затоа што никој не им кажал да го направат тоа.
• Луѓето кои рано се будат предизвикуваат војни, смрт и глад.
•
Секоја реклама на јавен простор која не ви остава избор дали сакате да ја видите или не, ви припаѓа вам. Ваше е да ја земете, да ја измените и да ја искористите. Можете со неа да правите што сакате. Да барате дозвола за тоа е исто како да прашате дали смеете да го задржите каменот што ви го фрлиле во главата.
• Лошите уметници имитираат, а големите – крадат.