Сметката од еден њујоршки ресторан поради интересниот детаљ стана сензација на социјалните мрежи.
Имено, Марк Симонс, готвач во ресторанот „Kiwian“ во кој се послужува новозеландска кујна, одлучил да се вклучи во политичката акција против имиграциската полиција на Трамп.
„Имигрантите ја прават Америка голема (тие исто така ја приготвија вашата храна и ве служеа денес)“, пишува на сметката која ја забележала новинарката Мери Емили Oхара.
Симонс од Нов Зеланд се преселил во Америка пред 10 години. Во неговиот ресторан работат луѓе од 5 различни земји. Токму ова го мотивирало да го стави овој коментар на
сметката со цел да ги потсети гостите дека имигрантите се оние од кои зависи угостителството.