X
 15.02.2017 Култура

Фотографија на која се прикажува убиство е Word Press фотографија на годината

Фотографијата која е позната по нејзиното значење, но и осудена поради тоа што го опишува фанатизмот на човекот е избрана за Word Press фотографија на годината, дело на Бухран Озбиличи.

ворд прес


По убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во Турција, го покажува напаѓачот Мевлут Мерт Алтинтас покрај  безживотното тело, кој со еден прст покажува кон небото, а во другата го држи пиштолот.

Фотографот Стјуард Френклин вели дека не ни помислувал дека таа би можела да биде фотографија на годината, но така изгласало мнозинството.  Од судиите во жирито се поставуваат прашања не само за самата фотографија, за описот и изгледот, туку и за мотивот на убиецот.

убиство

Според коментарите на судиите од жирито, сликата е показател за омразата, очајот и фрустрациите кои се толку очигледни во нашето општество. Озбиличи во изјавите TIME вели дека новинарството е негирано во последните неколку години, а оваа слика покажува дека е потребно добро новинарство. Тој вели дека наградата му дава повеќе одговорност кон неговите колеги и ветува дека ќе биде поддршка за новинарството.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура