X
 15.02.2017 Здравје

Живот после смртта: научно е докажано дека некои клетки живеат и по смртта!


Матични клетки

Експресија на гени е процес со кој информацијата од ДНК (дезоксирибонуклеинска киселина) се претвора во инструкција за создавање на протеини или некои други молекули, пренесува Live Science.

Овој процес во некои случаи после смртта  всушност се засилува, покажува новото истражување во кое научниците ги следеле postmortem активностите на клетките.

„Не се сите клетки мртви кога организмот ќе умре. Различни клетки имаат различен животен век и различна отпорност на екстремен стрес“,  истакнува Питер Нобл од Универзитетот во Вашингтон и еден од авторите на истражувањето.

Меѓународниот тим научници, предводени од Алекс Пожитков, истражувањето го спроведувале врз глувци и риби и веруваат дека феноменот се случува кај сите видови животни, па и кај човекот.

Транскрипцијата на гени, што е прв чекор од експресијата на гените, кога сегменти од ДНК се кпоираат во РНК (рибонуклеинска киселина) се зголемува после смртта. И тоа може да се случи неколку часови, па и денови откако е констатирана смрт на некоја единка.

И додека по смртта транскрипцијата на некои гени се намалува и престанува, кај некои клетки се зголемува и засилува. Научниците допрва треба точно да утврдат во која мера се случува тоа, но сите сметаат дека не станува збор за случаен процес.

„Смртта е процес кој е во зависност од времето. Ние ја врамивме дискусијата за смртта во однос на ‘пост-мортем времето’, бидејќи не се сомневавме дека неколку минути по смртта на индивидуата, транскипцијата на гените нагло ќе престане. Од  друга страна, знаеме дека за неколку часови до неколку денови, телото на животното ќе почне да се распаѓа и транскрипцијата ќе заврши“ – вели Нобл.

Авторите овој период меѓу „смртта и почетокот на распаѓањето“ го нарекле Самрак на смртта  кога доаѓа до експресија на гените, но сите клетки не се сè уште мртви.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје