X
 16.02.2017 Економија

Светска мапа на должници: Колку Македонците должат во однос на долгот кој го има нашата земја?

Според податоците, секој граѓанин на Македонија должи 2.300 долари (2.168 евра), што значи дека Македонија има околу 4 600 000 000 долари (4 336 000 000 eвра) долг.

долг

Националниот долг е едно од најдебатираните прашања во политиката. После глобалната рецесија, луѓето започнаа да го доведуваат во прашање долгот и импликациите за тоа дека земјите имаат премногу долгови.

Додека некои земји имаат висок долг, други имаат низок, меѓутоа најдобрата мерка е износот на долгот поделен на населението.

На фотографијата е прикажано колку луѓе во секоја земја должат во однос на долгот кој го има нивната земја.

Според податоците, секој граѓанин на Македонија должи 2.300 долари (2.168 евра), што значи дека Македонија има околу 4 600 000 000 долари (4 336 000 000 eвра) долг. Податоците соодвествуваат со бројчаникот на МАНУ со кој во март 2016 година можеше да се следи долгот во реално време, иако по кратко време беше отстранет. Бројчаникот покажуваше дека секој граѓанин должи 2.088 евра, поради долгот од 4 237 758 847 евра.

Иако 2.088 евра за нас изгледаат многу, сепак, Македонија не влегува ни во првите 10 земји кои должат и чии граѓански долгови се големи.

Земји во кои луѓето најмногу должат:

Јапонија: 85.694 долари по лице

Ирска: 67.147 долари по лице

Сингапур: 56.112 долари по лице

Белгија: 44.202 долари по лице

Америка: 42.503 долари по лице

Канада: 42.142 долари по лице

Италија: 40.461 долар по лице

Исланд: 39.731 долар по лице

Австрија: 38.769 долари по лице

Велика Британија: 36.206 долари по лице

Земјите во кои луѓето најмалку должат

Либерија: 27.44 долари по лице

Таџикистан: 50.67 долари по лице

Демократска Република Конго: 90.70 долари по лице

Бурунди: 97.62 долари по лице

Кирибати: 126.98 долари по лице

Малави: 172.34 долари по лице

Узбекистан: 177.13 долари по лице

Уганда: 194.23 долари по лице

Хаити: 204,33 долари по лице

Мали: 207.54 долари по лице
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија