Ограничувањата во авионите на никого не му одат во прилог и ако не сте навикнати така да патувате може многу да се разочарате.
„Јакната за во авион“ е дизајнирана од двајца австралиски дизајнери и може да поднесе тежина до 15 килограми, а ја има во различни големини.
Дизајнирана е да носи буквално сѐ, од лап топ до чевли, а сепак е со стил, па не морате да бидете загрижени за Вашиот изглед додека влегувате во авионот. Еве како да се спакувате:
Дизајнерите од австралијанската маркетинг компанија „Juice Promotion“, велат дека во јакната може да се спакуваат фармерки, маици, тоалетна торба, мобилен телефон, камера со сите жици, дополнителен објектив за неа, паричник и пасош, два пара чевли и пак да имате простор.
Јакната е дизајнирана да се намалат таксите за багаж, редиците за багаж и можноста да си го изгубите истиот. Од моделот има различни видови за мажи и жени, за во лето и за во зима: зимската која е направена од 100 % волна, ќе се продава по цена од 499 долари, а летната која е направена од лесен водоотпорен полиестер, ќе се продава по цена од 399 долари.