Што се бабата и дедото? Кога ова прашање ќе им го поставите на децата, добивате најурнебесни одговори. Прочитајте некои од нив кои биле објавени во книгата „
Don't call me grandma“.
Бабата и дедото се жена и човек кои немаат свои мали деца, па затоа ги сакаат туѓите.
Дедото е човек, бабата е дама!
Бабите и дедовците не мораат ништо да работат освен да бидат таму кога ќе одиме да ги видиме. Толку се страи што не смеат многу да играат и да трчаат. Добро е кога нас не` водат во продавница и ни даваат имиња.
Бабите обично се дебели, но не толку многу за да не можат да си ги врзат врвците. Носат очила и смешна долна облека.
Може да ги извадат своите заби и непцата.
Бабите и дедовците не мораат да бидат паметни.
Мораат да одговорат на прашањето: „Зошто Бог не е оженет?“ и „Зошто кучињата ги бркаат мачките?“
Сите треба да се обидат да имаат баба, особено ако немаат телевизор, бидејќи само бабите се единствените возрасни кои сакаат да поминуваат време со нас.
Кога ни читаат, не прескокнуваат. Не им е тешко истата приказна да ја прочитаат повторно од почеток.
Тие знаат дека треба нешто да каснеме пред спиење, се молат со нас и не` бакнуваат и тогаш кога сме непослушни.
Дедо е најпаметниот човек во светот. Ме учи на добри нешта, но не го гледам често за да бидам паметен како него.
Смешно е кога ќе се наведнат; вие слушате дека испуштиле гасови, а тие го обвинуваат кучето.