X
 24.02.2017 Култура

Оскари 2017 - Победници кои би создале историја и би рушиле рекорди

Најголемата ноќ за Холивуд е на прагот, што значи дека постојат нови можности за рекордни победи и историски неповторливи моменти - оваа година, постојат неколку, особено кога станува збор за афро-американските изведувачи и филмски работници.

оскар

Која победа не би заработила само трофеј, туку и место во книгите по историја?

Најмногу афро-американски победници во една вечер

18 Афро-американци се номинирани за Оскар оваа година. Дури и само ако четворица од овие номинирани успеат да освојат Оскар, ова би биле најмногу освоени Оскари од Афро-американци во историјата на Оскарите.

Бери Џенкинс би бил првиот Афро-американец како најдобар режисер

Само три други афро-американски режисери успеале да бидат номинирани во оваа категорија, пред Џенкинс. Џон Синглетон (кој останува најмладиот кандидат за Оскар во оваа категорија), Ли Даниелс и Стив Меквин.

Дамиен Шазел би бил најмладиот победник на Оскарот за најдобар режисер


На четвртата церемонија на доделувањето на Оскарите во 1931 година, Норма Таурог имал само 32 години кога го освоил Оскарот „Skippy“. Доколку Шазел го освои Оскарот, тој ќе биде најмладиот режисер кој освоил Оскар.

Дензел Вашингтон би бил првиот Афро-американец кој ќе освои три Оскари

Доколку победи и освои Оскар за најдобар актер и/или најдобар филм (се јавува како продуцент) за „Fences“, тогаш тој ќе биде првиот Афро-американец кој ќе има освоено три Оскари.

Лин-Мануел Миранда би бил најмладиот „EGOT“ победник


Композиторот Роберт Лопез, кој ја компонирал „Frozen“ имал само 38 години кога успеал да добие Еми награда, Греми награда, Оскар и Тони награда со песната „Let It Go“, за најдобра оригинална песна. На 37 години, суперѕвездата од „Hamilton“ може да го сруши рекордот на Лопез.

„О.J.: Made in America“ би бил најдолгиот филм кој би освоил Оскар


Со 467 минути, овој филм би можел да стане најдолгиот оскаровски победник со што би го победил странскиот филм „War and Peace“ (431 минута).

„La La Land“ би надминала најмногу освоени Оскари за еден филм

Моменталниот рекорд е 11, од „The Lord of the Rings" Return of the King“, „Titanic“ и „Ben-Hur“, а „La La Land“ е номиниран во 14 номинации.

Мерил Стрип би била актерка со најмногу награди за глума

Иако Кетрин Хепберн се`уште би имала најмногу награди за актерка во главна улога, Стрип би можела да ѝ се доближи со улогата во филмот „Florence Foster Jenkins“.

Кимберли Стујард, првата Афро-американка која би освоија Оскар за најдобар филм

Стујард се јавува како продуцент на „Manchester by the Sea“. Единствената Афро-американка која била номинирана во оваа категорија е Опра Винфри, за „Selma“.

Ава Дувернеј, првата Афро-американка која би добила Оскар за најдобар документарец

Режисерката, која била исклучена од категоријата за најдобар режисер за „Selma“, може да го добие нејзиниот прв Оскар во оваа категорија.

Октавија Спенсер би била првата Афро-американска жена која ќе освои повеќе награди

До оваа година, кога Спенсер била номинирана за Најдобра споредна женска улога за „Hidden Figures“, ниту една црна жена не била номинирана за друг Оскар откако го добила првиот Оскар.

Други потенцијални победи кои би напишале историја

Инженерот за звук на „La La Land“, Аи-ЛИнг Ли би бил првиот азиски победник за Уредување на најдобар звук. „Arrival“ на Бредфорд Јанг и „Moonlight“ на Џои МекМилон би биле првите црнци кои би освоиле Оскар за најдобра кинематографија и најдобра монтажа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура