X
 28.02.2017 Живот

Справете се со навиката која обичниот разговор може да го претвори во тортура

Речиси нема човек кој не прави прекинувања  во говорот. Тие оставаат впечаток дека говорникот е нервозен или не баш претерано интелигентен. Стручњаците за комуникациja велат дека се работи за вообичаени застанувања во говорот  кои служат за да направиме пауза или да нагласиме нешто што  сакаме да кажеме во иднина, но нивното претерано користење не остава добар впечаток.

двајца мажи


Лиса Б.Маршал, стручњак за комуникации вели дека користиме стресен говор, како што  е разговорот за работа, презентација или јавен говор, склони бавно да дишиме, а брзо да зборуваме, па затоа некогаш зборовите ни се побрзи од мислите. Во некои случаи  прекините во говорот  се сигнал дека ќе кажеме нешто важно, а дека не сакаме притоа соговорникот да не прекинува  или дека сакаме нешто да нагласиме .

Прекините во говорот ги користат сите , а особено помладите генерации, посебно жени меѓу 20  и 30 години. Во тие години таквиот говор се смета за жаргон, припаѓање кон некоја група или слично, но истовремено се перцепира како одлика  на помалку интелигентните.

Ако ги користат сите, каде е проблемот?

Кога еднаш ќе се навикнете да правите паузи додека зборувате тогаш тоа станува товар. Не е невообичаенио да се користат фразите , „хм“,„знаеш“,„како“,и слично, но кога претерано се користат во говорот тогаш го одвлекуваат вниманието на соговорникот.

Маршал тоа го спореди со пцовките. Повремена споредба е прифатлива, но честото пцуење ја губи смислата и остава впечаток дека говорникот е мрзлив  и невнимателен во јазикот. Исто така  е важно да се забележи кога заради паузите  во говорот, тој престанува  да биде течен, а тоа се случува ако зборовите се побрзи од мислите и говорникот ке делува како да му недостасува самопочитување  или стручност, или пак, дека не се подготвил.

Како да ги спречиме паузите во говорот?


Првиот чекор во овој процес е освестувањето, вели Маршал. Таа им препорачува на луѓето во текот на две недели секои ден пет минути да се снимаат со некој додека разговараат: „Верувајте ми  после две недели слушање односно снимање на разговорите ќе станете свесни за проблемот.Морате сами да ги слушнете своите проблеми за да знаете да се исправите.“
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот