X
 01.03.2017 Живот

Фармер од Нов Зеланд со искрен оглас за вработување ја воодушеви јавноста

Геоф Валас е фармер од Нов Зеланд кој објавил еден искрен оглас за вработување во кој нагласил кандидатите да не бидат опседнати со телефони и панталоните да ги носат околу струкот а не кај колената.

оглас

Имено, тој бара работник кој може да биде пушач, но ќе нема време за тоа што ќе биде вработен за да се прелијат 800 метри кубни бетон.

Валас подоцна им открил на медиумите дека веќе има искуство со работници кои се опседнати со телефоните. Тој изјавил и дека 70-годишниците многу побрзо ја завршувале работата од многу помлади луѓе кои се опседнати со социјалните мрежи.

„Во нашиот бизнис користиме многу машини и секоја од нив има способност да Ве убие. Бараме работници кои ќе се фокусираат и кои ќе мислат на работата. Ми треба некој кој ќе може да работи без да го надгледувам,“вели тој.

За огласот веќе има одговор од добри кандидати, па ќе треба да се одлучи кому да му ја додели задачата.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот