X
 08.03.2017 Живот

Сара Џесика Паркер сакаше да се пошегува со политичарите, а доби порака од Русите!


Сара Џесика Паркер

Сара Џесика Паркер не можеше да насети дека нејзината објава ќе допре до самиот политички врв на Русија.

Славната актерка одлучи да се пошегува на сметка на американските политичари кои се состануваа со амбасадорот на Русија во САД, но ваков епилог, со сигурност, не очекуваше.

Имено, на својот Инстаграм, ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ објави своја фотографија со коментар: „Се чини дека рускиот амбасадор се сретнал со сите освен со мене“.

Набрзо ѝ стигнал одговор од Министерството за надворешни работи на Русија. „Сара, ако баш толку сакаш, можеме да ти помогнеме да го запознаеш рускиот амбасадор“, стои на фотографијата која на службениот Твитер, ја објави руското министерство.

Во објавата се пренесува и изјавата на портпаролката на Министерството, Марија Закхарова, каде наведува дека „сè е возможно и дека Сергеј Иванович ќе биде среќен да се сретне со актерката која очајнички сака да го запознае“.


I had to. Don't know the provenance however whoever you are, thank you. X, sj

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker) on

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот