X
 08.03.2017 Образование

Висока универзитетска делегација од Бугарија во посета на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид

Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, Нинослав Марина, изминативе денови беше домаќин на делегација од Универзитетот „Ангел Канчев“ од Русе Република Бугарија, предводена од Ректорот на универзитетот Велизара Пенчева и Претседателот на Академскииот совет на универзитетот, Претседател на градскиот совет на градот Русе и Дописен член на Бугарската академија на науките Христо Белоев и Раководителот на Универзитетскиот центар за иновации Ангел Смиркаров  во придружба на проректорите Диана Антонова, Јулијана Попова, Пламен Кангалов и Пламен Даскалов, како и раководителот на Канцеларијата за меѓународна соработка Стојанка Смиркарова.



Во врска со договорената соработка помеѓу двата универзитета Ректорот Нинослав Марина изјави „Ректорката Пенчева и Претседателот на академскиот совет Белоев ја потврдија заедничката заложбата за сестрана помош и соработка помеѓу Универзитетот „Ангел Канчев“ и Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“.  Договоривме конкретни активности на повеќе полиња, но сметам дека од најголемо значење за нашиот универзитет ќе биде споделувањето на искуства во насока на основање на Центар за развој на иновации,технологии и претприемништво во рамките на новиот кампус на УИНТ кој треба да претставува врска помеѓу потребите на стопанството и активностите на универзитетот во насока на поддршка на економскиот развој“.

Склучениот Меморандум помеѓу универзитетите, предвидува поддршка и трансфер на искуства околу воспоставувањето на соодветна институционална рамка за соработка помеѓу универзитетот и индустријата, заеднички настап и студиска размена во рамките на Програмата „Еразмус+“, како и поддршка при зачленувањето на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид во меѓународни асоцијации на универзитети.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование