X
 11.03.2017 Култура

Кој е најмоќниот пасош во светот и на кое место се наоѓа македонскиот?

Македонија се најде на 76-то место од вкупно 199 земји.

пасош
Фото извор: John Macdougall/AFP/Getty Images

Да бидеме искрени, прилично е добро да се биде Швеѓанец. Имаат бесплатно универзално здравство, бесплатно универзитетско образование, платен одмор и еден од најдолгите животни векови во Европа.

Сега, имаат уште нешто одлично. Шведска го има најмоќниот пасош во светот, барем според новиот извештај од компанијата за консултации, „Nomad Capitalist“.

Компанијата ги рангирала пасошите на земјите низ светот и колку предност тие имаат во однос на патување без виза, глобална репутација, интернационални такси и граѓански слободи.

Од 199 земји, Шведска се најде на првото место. Извештајот покажува дека Швеѓаните можат да посетат 176 земји без виза, и можат да работат во странство без да мораат да плаќаат данок дома. Таа исто така доби одлични оценки во однос на личната слобода, па така граѓаните уживаат слободен говор, слободни медиуми и најниски стапки на затворање во светот.

Македонија се најде на 76-то место од вкупно 199 земји. Македонците можат да посетат 111 земји без да им биде потребна виза, а местото го дели со Црна Гора, која може да посети 107 земји, меѓутоа доби повисоки поени во однос на двојното државјанство и вкупната слобода.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура