X
 11.03.2017 Образование

Наставничка од Хрватска: „Оставете ги на мира децата кои не избираат веронаука!“

Дипломираниот инженер по математика Каја Шегевиќ е долгогодишна професорка по математика со пет објавени книги. Таа за веб страницата „100posto“ пишува за нејзиното искуство и состојбата во образованието во Хрватска.

наставничка
Фото извор: iStock


„Работев во едно основно училиште. Всушност, работев на толку замени во училишта што не можам да ги набројам. Предавав математика и информатика. Информатика, знаете: тоа ви е оној предмет, нешто како веронаука, изборен предмет...

Но јас, за разлика од моите колеги наставници по веронаука никогаш не ја почувствував потребата да лепам летоци и брошури за програмски јазици, како што тие лепат дефиниции за нивните катехези, тајни и што уште не, како училиштето да е нивно.

Дали навистина одлучивме сите заедно како општество, дека е соодветно нашите деца во основно училиште пред одморот да учат за питагоровата теорема, а на пауза да учат за божјото објавување?

Бев сведок како децата од одделение од основно училиште, за време на мојот изборен час по информатика, додека работеа на компјутерите, нападнаа две девојчиња од одделението бидејќи тие биле единствени кои не се одлучиле за веронаука. Ги нападнаа со зборовите дека се грешни и дека ако не се покајат, тие и нивните родители ќе завршат во пеколот - бидејќи тоа го научиле на училиште.

И децата не се откажуваа и покрај тоа што девојчињата не сакаа да учествуваат во дискусијата. Ги земам под закрила, ги штитам од бучната толпа деца кои не им дозволуваат да бидат различни. Ги запирам тие грди, со ништо предизвикани, вербални напади врз нив...

Но јас сум тука само овој час, а што ќе биде следно? Следува одмор, после одморот пак настава - осудата ќе продолжи и тоа толку арогантно - убедени во својата вистина дека таа треба да е сечија вистина, без исклучоци.

Се обидувам да замислам спротивна ситуација, повеќето од одделението крволочно да ги напаѓаат оние кои не го избрале информатика за свој изборен предмет... но некако не можам. Можам да замислам сè, но тешко ми е да замислам мали информатичари како им се закануваат на своите соученици дека ќе одат во пеколот аконе знаат да декларираат променлива или да направат веб страна.

И овој пат им порачувам на сите циници кои ги населија училиштата, каде што не им е место: не ме интересираат вашите катехези. Не ме интересира ни дали вашиот Бог е Бог на љубовта или дека до него се пристигнува преку вашиот пат, преу страв од било што! Не сакам да ја знам вашата дефиниција на божјото откровение. Особено не на големиот одмор, додека децата го јадат нивниот ручек.

Тргнете ги вашите арогнатни реклами од училишните огласни табли, бидејќи ги плашите малите деца. И оставете ги децата кои не избираат веронаука, да го изберат својот изборен предмет. Држете се до вашиот пекол, а училиштата оставете им ги на оние кои сакаат да размислуваат со своја глава, а не ваша!

Дадов отказ од ова работно место, секако. Немам стомак за вакви работи. Сепак ги отстранив сите нивни реклами и барем еднаш одбранив две девојчиња од бесните мали „праведници“ од нивното одделение. А што е со другите ситуации кога јас нема да бидам во близина?

Автор: Каја Шеѓевиќ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование