X
 16.03.2017 Наука

Поминувањето над 3 часа пред екран го зголемува ризикот за појава на дијабетес

Поминувањето пред екран повеќе од три часа дневно го зголемува ризикот за појава на дијабетес тип 2 кај децата, пишува „The Guardian“. Кај нив има повеќе телесни масти и поголема резистенција на хормонот инсулин отколку кај врсниците кои поминуваат еден час помалку гледајќи телевизија или играјќи игри.


Авторите на спроведената студија предупредуваат дека истражувањето не покажува дека единствен фактор за појавата на болеста е времето поминато пред екранот. Според нив, важно е и колку седиме и колку се прави пауза, кои ни се секојдневни навики. 

Научниците проучувале податоци од повеќе од 2 илјади деца, на возраст од девет до десет години. Заклучиле дека децата кои поминуваат повеќе од три часа пред екран, имаат 10,7 проценти повеќе инсулин, 10,5 проценти повеќе вредности на процената на резистенција на инсулин и 9,3 проценти поголеми количини на лептин, хормон кој го контролира апетитот.

Сите овие се фактори на ризик за настанување на дијабетес. Податоците се собрани пред десет години која не постоеле паметни телефони, а со тоа експертите веруваат дека поврзаноста помеѓу екраните и ризикот од појавата на болеста останува непроменет.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука