X
 17.03.2017 Живот

Тајниот план кој се спроведува по смртта на кралицата Елизабета Втора

И покрај фактот што Кралицата Елизабета Втора е жива и здрава, сепак откриен е таен план кој содржи детали за тоа што ќе се случува денот кога таа ќе почине.


Кога починал кралот Џорџ Шести, таткото на Елизабета, се користела шифрата „Хајд парк корнер“, за операторите на Бекингамската палата не би дознале вестите пред да треба. Шифрата за смртта на Кралицата Елизабета Втора ќе биде „Се срушил Лондон Бриџ“.

Како што известуваат од „The Guardian“, оној момент кога Кралицата ќе почине, нејзините слуги ќе го разбудат премиерот и ќе му ја соопштат веста дека мостот е срушен. Тие зборови ќе значат дека Кралицата починала и ќе треба да се започне со операцијата „Лондон бриџ“ – организиран таен план кој ќе кулминира со нејзиниот погреб.

Министерството за надворешни работи ги презема одговорностите за смртта на Кралицата за да извести 15 земји надвор од Велика Британија со кои Кралицата владее, а потоа и 36 земји кои се членки на Комонвелт.

Потоа веста стигнува и до медиумите, така што преку новинските агенции ќе се објавува и во сите други глобални медиуми. Тоа ќе биде своевиден преседан, со оглед на тоа дека „BBC“секогаш биле првите кои известувале за смртта на членовите на кралското семејство.

Истовремено слугата во црно, ќе стави известување и на капијата на Некингамската палата. Сепак, надлежните од Бекингамската палата уште не дале никаков коментар на ова известување на „The Guardian“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот