X
 23.03.2017 Живот

Папата Франциско: „Младите луѓе треба да се спротивстават на лажната верзија на животот претставен во медиумите“

фррањо
Фото: ЕПА

По повод Светскиот ден на младите, кој се одбележува на 9 април, врховниот поглавар на Римокатоличката црква, папата Френсис ги предупреди младите да не дозволат да ги заведе привлечноста на лажната верзија на животот, која им е претставена на социјалните мрежи и телевизиските емисии.

Тој преку видео порака на „интернет генерацијата“ ѝ препорача дека треба да ја напише својата историја, да стане кројач на сопствената судбина и да воспостави реални односи со своето минато.

Тој оценува дека многу грешат кога велат дека младите се растроени и површни.

„На социјалните мрежи гледаме лица на млади кои претставуваат повеќе или помалку реални случувања, но не знаеме колку сето тоа е навистина „историја“ - искуство кое може да се пренесе и да има цел или значење“, вели тој и додаде дека телевизијата е преполна со реалити шоу програми кои не се вистински приказни.

„Не дозволувајте да ве заведе лажната слика на реалност. Бидете протагонисти во сопствената судбина, одлучете за вашата иднина“, порача тој.

Фрањо испрати совет до младите да внесат поголема смисла во својот живот и своето минато така што ќе поминат повеќе време со своите баби и дедовци, ќе водат дневник и навечер ќе посветат време размислувајќи за дневните случувања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот