X
 24.03.2017 Култура

Ќе се стави ли крај на измамите со поминатата километража на автомобилите?


Километражник

На годишната технолошка конференција, компанијата Бош соопшти дека имаат решение со кое ќе се стави крај на измамите со поминатите километри при продажбата на половни автомобили.

Некогаш само со одвртка и внимателно рачно враќање на бројот на изминати километри наназад, а денес со помош на лаптоп поврзан со ОБД приклучок, се манипулира со реалната помината километража на автомобил кој се нуди на продажба. Намалувањето на поминатите километри е најчеста пракса на нечесните трговци со половни автомобили, но сега од Бош, компанија која произведува делови и компоненти за автомобилската индустрија, најавуваат дека конечно имаат решение за овој проблем.

Тие на конференцијата ја претставија технологијата наречена blockchain која ќе ги спречува измамите со километражникот и на корисниците ќе им обезбедува безбедно споделување на податоци преку интернет, без вклучување на трети лица. Blockchain се темели на децентрализирана база на податоци која ги дистрибуира внесените податоци на илјадници компјутери, со што фалсификувањето на податоците ќе го направи речиси невозможно.

Планот за борба против нечесната пракса е едноставен: автомобилите редовно ќе праќаат отчитувања од своите мерачи на поминатата километража кон таа база на податоци со помош на едноставен конектор.

Потоа, со новата апликација на смартфонот, секој корисник во секое време ќе може да ја спореди вистинската километража со онаа што ја покажува мерачот во возилото.

При продажба на користено возило, сопственикот ќе може да добие и потврда за точноста на поминатата километража, која ќе може да ја презентира на интернетските платформи за продажба на половни автомобили.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура