Иако науката успеала да објасни многу феномени и случувања, сепак може да се каже дека не е семоќна, па така, дури ни научниците немаат целосно објаснување за некои појави. Ова се само некои од нив и воглавно станува збор за прилично бизарни нешта.

Фото: Press
- Луѓето се единствени суштества на планетата кои уживаат во лута храна, а науката сè уште не го пронашла одговорот на прашањето зошто е тоа така.
- Во малиот етиопски град Бекоџи живеат помалку од 17.000 жители, а тркачите од овој град имаат неверојатни спортски вештини. Тие победиле на повеќе од 30 светски натпревари и имаат 16 олимписки медали.
- Сите ќелави мажи сакаат да живеат верувајќи дека нивната ќелавост е знак на мажественост. Она што нема да им се допадне се резултатите од истражување од 2013 година кое покажува дека имаат 32% поголема шанса да починат од некое срцев заболување.
- Холандско истражување од 2011 година покажало дека луѓето кои можат подолго време можат да издржат без мокрење се подобри со парите. Попрецизно, подобро управуваат со финансиите.
- Слепите луѓе имаат и до четири пати повеќе кошмари од оние кои немаат проблем со видот. Имено, статистиките покажуваат дека кошмарите сочинуваат 25% од сите соништа кај оние кои се родени слепи додека кај луѓето со добар вид кошмарите се значително помалку застапени, односно 6%.
- Дури 69% од оние кои извршиле некакво насилно злосторство во детството на дневна база консумирале благо.
- Никој не го сака понеделникот, а за тоа постои уште една научна причина. Имено, понеделникот е ден на кој луѓето далеку повеќе добиваат инфаркт. Едно шкотско истражување спроведено во период од 10 години покажало дека 20% повеќе луѓе умираат од срцев удар во понеделник отколку во било кој друг ден од неделата. Зошто? Никој не знае да каже.
- Бебето кое најпрво има развиено вештини за
зборување во подоцнежните години може да развие проблем со алкохолот.
- Високите луѓе се помалку отпорни на рак.
- Луѓето кои од рано утро се изложени на сончева светлина имаат помал ризик за зголемување на телесната тежина, без оглед на возраста, физичката активност и внесувањето на калории.
- Многу од нас сакаат мачки, меѓутоа „Schizophrenia Research Journal“ објави интересно истражување кое покажува дека дури 50.6% од луѓето кои на поголема возраст заболеле од шизофренија, во детството имале мачка.
- Истражувањето „The Name Experiment“ покажало дека имињата се важни во контекст на привлечноста. Имено, резултатите покажуваат дека имињата Томас, Питер и Џорџ се најмалку привлечни за жените додека Рајан, Џејмс и Џек се најатрактивни. Што се однесува за женските имиња, Софи, Рејчел и Оливија се секси, а Хелен, Џејн и Ен не се.
- Јануари е месецот во кој се раѓаат најголем број сериски убијци. Истражувањето кое во предвид зело 293 сериски убијци од 29 земји ширум светот, покажало дека дури 11.2% од нив биле родени во јануари.
- Сакате црно кафе? И психопатите го сакаат. Истражување покажало дека психопатите во своето кафе не сакаат млеко и шеќер, туку го пијат чисто - психопатски чисто.
- Свирењето клавир ве прави подобри математичари. После 8 месеци активно свирење клавир, студентите имале далеку подобри резултати на тестовите по математика.