X
 25.03.2017 Живот

ГИФ-от како смртоносно оружје: на суд заради твит кој предизвикал епилептичен напад


црно-бели концентрични кругови


Маж од САД е обвинет за „напад со смртоносно оружје“ заради твитот што пред три месеци му го испратил на познатиот американски новинар, Курт Ајкенвалд, кој заради анимираниот гиф во пораката, добил епилептичен напад.

ФБИ го уапси Џон Рејн Ривел (29) пред неколку дена по речиси тримесечна истрага, а во обвинението се наведува дека „обвинетиот бил потполно свесен дека испраќа анимирана слика со стробоскопска светлина кон лице кое е подложно на напади и дека бил свесен дека таквите слики можат да предизвикаат напади“.

Твитот содрржел и текстуален дел: „заслужуваш напад заради она што го пишуваш“.

Адвокатите на обвинетиот наведуваат дека нивниот клиент, инаку маринец- ветеран кој служел во Ирак и Авганистан, се кае за својата постапка и дека страда од посттрауматско стресно нарушување, кое влијае врз неговото однесување.

Ривел, во сега веќе отстранетата содржина @jew-goldstein, испратил неколку пораки после „нападот“ дека „се надева дека ќе предизвика напад“, дека знае оти Ајкенвалд страда од епилепсија и дека „очекува тој да умре“.

Ајкенвалд по овој инцидент трпел последици повеќе денови, го изгубил чувството во левата рака и тешко говорел неколку недели, наведуваат неговите адвокати.

Тој неодамна изјави дека после „нападот“ добил слични анимации од повеќе од 40 профили и истите ги проследил до полицијата и агентите на ФБИ.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот