Кога Ирците зборуваат за плата, зборуваат за бруто. Работниците после шест месеци може да очекуваат договор за работа и плата од околу 2.000 евра.
Месечната кирија во куќа со четири цимери изнесува околу 350 евра. За животот до првата плата се потребни околу 1.000 евра, а најбарани се шофери на камиони.
Земјата која стана „новата Германија“ за многу луѓе од Балканот е токму Ирска. Условите кои им се понудени на работниците се и повеќе од одлични. Почетната саатница е 9.5 евра бруто и половина евро повеќе после три до шест месеци.
После шест месеци работа за иста компанија, доколку работниците се покажат како квалитетни, тие добиваат договор за постојана работа и можат да очекуваат нето плата од околу 2.000 евра.