X
 05.04.2017 Живот

Државата Арканзас сака да егзекутира 8 затвореници за 10 дена заради една причина

Надлежните во Американската држава Арканзас објавуваат дека нивниот план за осум егзекуции во период од 10 дена ќе пропадне доколку федералниот судија им додели повеќе време на затворениците осудени на смртна казна за да подготват барања за помилување.


Судијата ќе ги разгледа нивните барања. Егзекуциите се закажи да започнат денот после Велигден. Адвокатите во државата изјавиле дека затворениците знаат дека залихите со седативи завршува на 30 април и дека би било невозможно да се извршат егзекуциите бидејќи Арканзас ќе нема седатив за примена на смртната казна.

Двајца затвореници ќе бидат егзекутирани на 17 април, а шест други 10 дена подоцна. Државата го усвојува тој редослед токму заради истекувањето на рокот за снабдување со седатив на 30 април.

Државата не извршиле егзекуција од 2005 година. За еден затвореник кој поднел барање за помилување, одлука ќе се донесе во наредната недела, на тројца им се одбиени барањата, а од одлуката за првиот затвореник ќе се знае дали и на други двајца ќе им се одобри помилувањето кои треба да бидат егзекутирани веднаш по него.

Постои проблем и во пронаоѓањето на волонтери за набљудување на егзекуциите. На државата и се потребни 48 волонтери за сите егзекуции.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот