X
 05.04.2017 Наука

Претставен е изум кој би можел да спаси 1,2 милијарди животи на Земјата


Раце дигнати во вис
(Фото: Guliver/Thinkstock)

Тим од британски научници од Универзитетот во Манчестер, успеал да направи цедилка од графен, која ја прочистува морската, солена вода во чиста, питка вода, пренесува „Индипендент“.

Ова откритие следува откако Обединетите Нации предупредија дека 1,2 милијарди луѓе на планетава, односно 14 отсто од вкупната светска популација, нема да има пристап до вода за пиење до 2025 година.
Друг тим научници од истиот универзитет, во 2010 година добија Нобелова награда за прво синтетизирање на графенот.

Цедилката која научниците успешно ја создадоа, направена е на таков начин што успеале контролирано и прецизно да ги одредат порите во графен оксидот, материјал од кој е направена самата цедилка. Поради тоа, цедилката може успешно да ја сопре солта и да го пропушти остатокот вода, која на тој начин станува сигурна за употреба.

Откритието е објавено во угледното научно списание Nature Nanotechnology.

Со оглед на растечките ефекти од климатските промени кои влијаат врз снабдувањето на градовите со вода за пиење, сè повеќе се вложува во технологија за десалинизација на морската вода.

Во таа смисла, успехот на британските научници претставува значаен чекор напред кон отворање на нови можности за ефикасност на технологијата за десалинизација на морската вода, истакнува Рахул Наир, професор од споменатиот универзитет, кој го предводеше тимот што успешно ја направи чудесната цедилка
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука