X
 06.04.2017 Култура

Ги дешифрираа непријателските шифри и придонесоа за победата на сојузниците во војната... Oва е нивната приказна

Ако целото внимание во Втората светска војна беше насочено кон мажите и нивните борби на боиштата, зад кулисите на сојузничките сили се наоѓале жени кои ги пресретнувале германските, италијанските и јапонските шифри и така придонеле за победата на сојузниците во војната. Во центарот во којшто се дешифрирале шифрите работеле дури 9 000 жени, а се наоѓал во Блечли Парк во Велика Британија, а ако никогаш не сте чуле за оваа неверојатна приказна, ниту сте ја посетиле локацијата која денес е музеј, на стриминг-видеотеката Pickbox, пристигна серијата „Блечлиевиот кружок“ (The Bletchley circle), во која главни актери се заслужните жени за пресретнување на непријателските шифри и за завршување на најбруталната војна во историјата.



Кој еднаш бил во Блечли...

Ако бараме пандан на филмот „Скриени бројки“, кој годинава беше номиниран за „Оскар“ и кој се занимава со темата на улогата на жените во вселенската програма на НАСА, тоа дефинитивно би била серијата на ИТВ, „Блечлиевиот кружок“. Иако серијата нѐ воведува во приказната од четириесеттите години, дејството што го гледаме по краткиот вовед се одвива во педесеттите, долго време по крајот на војната. По веста за сериски убиец што убива жени и поминува неказнето за своите злосторства, четири поранешни колешки од Блечли се собрале и започнале сопствена истрага. Иако некои од нив се мајки и домаќинки, четирите храбри жени, со искуство од Блечли, кое е посилно од нив, ги оставаат своите секојдневни обврски на страна и тргнуваат во потрага што ќе ги доведе до фасцинантни откритија.

Секоја е брилијантна на свој начин

Иако во четириесеттите и педесеттите години во животот на жените постоела само една опција: да се омажат и да родат деца, Сузан, Мили, Џин и Луси одлучуваат да ги искористат своите брилијантни умови и да го сторат тоа што мислат дека е важно за жените од нивното општество, да го фатат убиецот.

„Овие жени навистина морале да ги потценат вредностите на своите способности, својата сила и ум“, открива актерката Софи Рендл. „Морале да се преправаат дека не направиле ништо посебно за време на војната, што значи дека Луси морала да ја обезвредни својата интелигенција.“

Сузан (Ана Максвел Мартин) е реалистична, во некоја мера тврдоглава и е водач на оваа акција, иако дома има деца и сопруг што не ги одобрува нејзините чудни авантури со пријателките и истражувањето на случајот со кој се занимава полицијата. Мили (Рејчел Стирлинг) е сосема своеглава, не се согласува на компромиси во свет што го кројат мажи и нема сопруг кому би морала да му се правда. Џин (Џули Греам) е моќна жена која ги познава луѓето и институциите, а за другите колешки се грижи како мајка. Луси (Софи Рендал) е најмладата, по малку наивна, но со способност да ги запомни и најмалите ситници кои на крајот можат да бидат клучни за решавање на случајот.

Интересни факти за работата на жените во Блечли Парк:
• Целата приказна за жените кои работеле на дешифрирање на шифрите до неодамна била строго чувана тајна
• До крајот на 1940-тите во Блечли биле вработени 12 000 луѓе, имало готвачи и помошен персонал, имало високо квалификувани луѓе кои ги пробивале непријателските шифри и кодови
• Се работело на софистицирани уреди кои се претходници на современите компјутери
• Преку пресретнување на јапонските и германските шифри, Блечли одиграл клучна улога во Битката за Нормандија

гледајте ги на Pickbox и во склоп на Pickbox во видеотеката на Max tv

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура