X
 12.04.2017 Живот

Писмото полно со надеж и соништа на 11 годишниот Маркус Рашфорд испратено до себеси

Маркус Рашфорд се чини дека го живее својот живот. На возраст од само 19 години тој успеа да влезе во првиот тим на Манчестер Јунајтед, така што неговата иднина изгледа прилично сјајна.

момче

Но, тоа не било случајно.

Како што Рашфорд откри во понеделникот, неговиот сон од детството бил да игра за Манчестер Јунајтед, така што тој се обидувал да ја реализира оваа цел уште од неговата 11 година.

Во неговото писмо за иднината и целите кое го напишал на 11 годишна возраст вели: „Се надевам дека мојата иднина ќе биде светла во и надвор од училиштето, особено во мојата кариера како фудбалер. Сакам да имам различен животен стил и сакам моето семејство и другите да бидат горди на мене. Имам само една цел во животот, а тоа е да бидам професионален фудбалер, со надеж во Манчестер Јунајтед.

Со повеќе од 50 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед, Рашфорд го направил токму тоа. Прилично импресивно со оглед на тоа што повеќето 11 годишни деца повеќе се грижат за тоа дали ќе добијат сладолед отколку за нивните кариери.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот