Гигантскиот социјален медиум знае повеќе за Вас и од Вашето семејство. Но, дали треба да се биде рамнодушен и да се остави Фејсбук да дознава толку многу за Вашите животи?
Сигурно сте се запрашале што се случува со Вашите податоци ако се откажете од Фејсбук и решите да ја деактивирате сметката. Фејсбук вели дека ако избришете слика или коментар ќе се избрише и од нивните сервиси. Исто така може да побарате копија од Вашите податоци што Фејсбук ги чува или преку емаил или преку писмо.
Сепак постојат различни приказни за тоа што Фејсбук прави со Вашите податоци. За да дознаете како Фејсбук ги собира податоците и за што ги користи може да креирате нова сметка со различно име и роденден, па дури и емаил. Фејсбук може да Ви ги предложи за пријатели роднините, школските пријатели и луѓето што ги знаат Вашите родители. Како ги добива овие информации?
Политиката на податоци објаснува дека тие ги собираат податоците од уредот кој го користите.
Пишува: „Собираме информации од или за компјутерите, телефоните или другите уреди каде што ги инсталирате или пристапувате кон нашите услуги, зависно од она што ќе го дозволите.“
Ова значи дека Вие мора да се согласите со ова за да креирате профил.
Понатаму, Фејсбук објаснува дека оваа информација е собрана преку користењето на колачиња, што е начин на кој се сурфа на интернет.
Политиката на Фејсбук вели: „Ние користиме колачиња ако имате Фејсбук сметка, ги користите Фејсбук услугите вклучувајќи ги веб страните и апликациите (без разлика дали сте или не сте најавени).“
Но ако некој не е регистриран корисник како може да знаат кои податоци да ги искористат? Од компанијата велат дека нивните политики се лесно достапни за луѓето да ги прочитаат. Понатаму тие дополнуваат дека ги почитуваат сите Европски закони за заштита на податоци, но дека исцрпно работат во последните години особено на тоа да ја заштитат
приватноста на корисниците.