X
 17.04.2017 Култура

Жени објасниле дека мажот треба да ја тепа сопругата и според нив тоа е благослов


Две жени со никаби разговараат
(Фото: Screenshot)

Членки на муслиманската радикална организација „Хизб ут-Тахрир“ тврдат дека сосема е во ред ако мажот ја удира својата жена, па дури и со стап. Насилството врз жената го нарекуваат „прекрасен благослов“.

Toa го тврдат членките на муслиманската радикална организација „Хизб ут-Тахрир“ во видео снимено во Сиднеј. Тие сметаат дека мажот смее да ја удира својата сопруга ако е непослушна, а насилството го нарекуваат „симболичен акт“.

Според нив, во чинот може да се користи и стап, тогаш кога жената не го почитува Алах, пишува „Дејли мејл“. Како главни гревови се наведуваат непослушноста кон сопругот, неморално однесување и неверство. Исто така, тие велат дека жената не смее да се тепа заради тоа што не приготвила вечера, но дека насилството треба да се спроведува заради „мир во куќата“.

Тие ги сметаат мажите за глава на семејството, а со тоа ним им е дозволено да реагираат и да спроведуваат дисциплина. Инаку, пред десет години, австралиската подружница на оваа организација била забранета, но после тоа службено прераснала во политичка партија и повторно добила дозвола за работа.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура