Корисниците на оперативниот систем Андроид наскоро ќе можат да ја користат друштвената мрежа „Instagram“ и кога се „offline“, односно одредени функции ќе биде можно да се користат без Интернет.
Како што е наведено, корисниците ќе можат да гледаат фотографии и профили кои претходно биле вчитани, а исто така ќе можат да оставаат коментари, да лајкуваат објави и да бришат луѓе од листата на пријатели.
Се разбира, коментарите и лајковите нема да бидат видливи се додека корисникот повторно не се поврзе на Интернет. Од „
Instagram“ одлучиле да ја воведат оваа опција, бидејќи повеќето корисници доаѓаат од земји во развој каде што има лоша Интернет конекција, како и ограничен проток на мобилен Интернет.
Оваа друштвена
мрежа според податоците од декември 2016 година, ја користат 600 милиони луѓе.