X
 24.04.2017 Култура

Кој вели дека само Кинезите копираат – и „Пума“ украде туѓо лого


Логото на Пума
(Фото: Getty images)

Судот во Шангај ѝ наложи на германската компанија за производство на спортска опрема да плати 421.340 долари заради повреда на туѓо лого.

Се наведува дека „Пума“ ги повредила авторските права на една кинеска компанија за производство на волнена облека.

Како што наведува весникот „Шангај дејли“, „Пума“ копирале фотографија што била креирана специјално за Годината на јарецот, која во Кина била во 2015-та година, а компанијата го користела за качулките од дуксерите.

Судот изјави дека локалниот бренд што е стар 90 години, го регистрирале тоа лого и го адаптирале на начин да претставува древно кинеско обележје. Единствената разлика меѓу логотипите на двете компании била големината, заклучил судот.

„Пума“ ги негирале обвиненијата и соопштиле дека користеле хиероглифски карактер што може да го користи кој било на светот.

Меѓутоа, судот тврди дека купувачите се доведуваат во заблуда и дека вака се поврзуваат „Пума“ и кинескиот бренд.

Случаите со повреди на логотипите се многу чести во Кина, но овој е помалку необичен затоа што за првпат еден кинески бренд бара заштита на своите права.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура